Барселона и Манчестер јунајтед повторно во клинч за трансферот на Маркус Рашфорд

Раководството на Манчестер jунајтед категорично нема да го прифати новиот предлог на Барселона за Маркус Рашфорд. Англичанецот игра на позајмица на „Камп Ноу“ и тоа во одлична форма, а каталонците имаат опција да ги откупат неговите права за 30 милиони евра во летниот преоден рок.

Жоан Лапорта, кој неодамна беше повторно избран за претседател на Барселона, изрази намера да преговара за нови услови, за да не го оптовари финансиски клубот, кој сè уште треба да штеди. Желбата на Барселона е позајмицата на Рашфорд да се продолжи за уште една година, со задолжителен откуп на играчот во летото 2027 година.

Сепак, според британските медиуми, Црвените ѓаволи категорично нема да дозволат продолжување на позајмицата на крилниот напаѓач. Нивната позиција е јасна, или Барселона го плаќа договорениот износ во целост, или Рашфорд се враќа во Манчестер јунајтед.


На „Олд Трафорд“ всушност ја преферираат втората опција, бидејќи веруваат дека по одличните игри на Рашфорд можат да добијат околу 50 милиони фунти доколку го продадат на друг клуб.

28-годишниот фудбалер досега постигна десет голови и забележа 13 асистенции во дресот на каталонскиот гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести