Маркус Рашфорд ќе игра за Барселона во претстојната сезона. Манчестер јунајтед и Барса се договориле Рашфорд сезонава да игра како позајмен, со опција Каталонците целосно да го откупат Англичанецот следното лето.
Рашфорд не криеше дека сака да игра за Барса, но за клубот тој беше трета опција на листата на желби. Нико Вилијамс ги откачи Каталонците и остана во Билбао, а Луис Дијаз од Ливерпул им е прескап, па го активираа „Планот Ц“ за кој зелено светло дал и тренерот Ханси Флик.
Рашфорд кој има 27 години и досега настапувал само за англиски клубови, уште вечерва би можел да отпатува во Барселона.
Лекарските тестови ќе се направат деновиве, по што и официјално Рашфорд ќе му се приклучи на актуелниот шпански шампион.
Платата на Рашфорд е 375.000 евра неделно. Останува да се види дали Барса ќе ја покрие целата негова плата или Јунајтед ќе плати дел од неа. Астон Вила презеде 75% од неговата плата за време на неговата шестмесечна позајмица.