Барселона и Манчестер јунајтед во трка по потписот на најдобриот голман во светот

Голманот на Астон вила, Емилијано Мартинес, и официјално објави дека на крајот од оваа сезона ќе си замине од клубот. Тоа беше знак за европските клубови да тргнат во битка за неговиот потпис, иако долго се шпекулираше дека тој ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Најдобриот голман во светот според изборот на ФИФА, има договор со премиерлигашот до 2029 година, но неговата вредност е 25 милиони евра, сума која е прифатлива за многу екипи.

Според последните информации од медиумите од Островот, во трката по неговиот потпис се вклучија и Барселона и Манчестер јунајтед, а во моментов во предност се Црвените ѓаволи. И двете екипи се подготвени да ја платат сумата од 25 милиони евра, па Аргентинецот сега е на слатки маки чија понуда да ја прифати и каде да ја продолжи кариерата, иако финансиски најдобрата понуда е од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести