Вечерва се играат два меча од четвртфиналната плејоф-серија во Евролигата во кои домаќините немаат право на грешка. Барселона и Монако на првите мечеви во серијата загубија од Фенербахче, односно Олимпијакос и вечерва не смеат да си дозволат нов кикс пред своите гледачи.
Фенербахче славеше против Монако со 95:91, и тоа по продолжението од пет минути, а вечерва францускиот тим повторно ја има фаворитската улога (1.56).
Барселона пред два дена во возбудлив финиш со 75:77 загуби од Олимпијакос, а квотата за вечерва да израмни на 1-1 во победи е 1.52, додека таа за нов триумф на грчкиот тим е 2.85.
Sport Life подготви одлична понуда и за игрите „плус-минус“ за кошаркарите. Во понудата за бројот на поени има 26-мина кошаркари, деветмина се за асистенции, а за 11-мина може да погодувате дали ќе имаат плус или минус скокови.