Кошаркарите на Барселона и Монако успеаја да ги израмнат сериите против Олимпијакос и Фенербахче на 1-1, откако вечерва забележаа победи на вторите домашни натпревари.
„Каталонците“ после голема драма во последниот период дојдоа до победата над Олимпијакос и не дозволија втор пораз на домашен терен, иако пред себе ќе имаат тешка задача на гостувањето во Пиреја. Барселона вечерва победи со 77-69, откако успеа да дојде до победата во последниот период од мечот.
Монако долго губеше на домашен терен од Фенербахче, но пеколната четврта четвртина, која ја добија со 28-14 значеше и победа за нив од 93-88 за израмнување на серијата пред преселбата во Истанбул.