Барселона и Нејмар конечно го решија неколкугодишниот спор

Со трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен, Нејмар го реализира најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Францускиот тим пред четири години плати 222 милиони евра за да го купи Бразилецот, кој уште е дел од Светците.

Кога се случи тој трансфер, Нејмар ги расипа односите со Барселона. Каталонскиот гигант побара отштета поради прекршување на договорот за лојалност, додека поради истиот договор за лојалност, Нејмар бараше 16,7 милиони евра отшета. Едноставно, двете страни различно го толкуваа договорот и беа во „војна“.

Сега, по четири години од трансферот, од Барселона потврдија дека постигнале договор со капитенот на Бразил и дека повеќе нема да има проблем околу тој спорен договор за верност на Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести