Барселона и Нико Вилијамс си подадоа рака за шестгодишен договор!

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс ги договорил личните услови со шпанскиот првак Барселона и наскоро се очекува да биде потпишан договорот, пренесува Фабрицио Романо.

Фудбалерот и клубот се согласиле за шестгодишна соработка, што значи дека Вилијамс би останал на „Камп nоу“ до 2031 година. Неофицијално, годишната плата на Вилијамс ќе се движи меѓу седум и осум милиони евра по сезона.

За да биде реализиран овој трансфер, потребно е Барселона да постигне договор и со актуелниот тим на Вилијамс, а тоа е Атлетик Билбао. Oткупната клаузула на Вилијамс е 58 милиони евра, сума која мора да ја плати каталонскиот гигант ако сака да го види шпанскиот репрезентативец во своите редови во сезоната којашто доаѓа.

- Оглас -

Најнови вести