Младиот шведски репрезентативец Руни Барџи е нов фудбалер на актуелниот шампион на Шпанија, Барселона. Деветнаесетгодишниот фудбалер важи за еден од најдобрите млади крилни напаѓачи во Европа, а во Каталонија пристигна од екипата на Копенхаген.
Барселона за него ќе плати 2,5 милиони евра, иако вредноста во моментов му е 7,5 милиони евра. Она што е интересно, Барџи е Сириец, кој е роден во Кувајт, а настапува за репрезентацијата на Шведска.
Сепак, Барџи ќе мора да се докаже најпрво во Барса Атлетик, втората екипа на Каталонците, но сигурно дека ќе добие шанса и од Ханси Флик во првата екипа на Барселона.