Барселона и официјално ја доби првата понуда за еден од своите најдобри фудбалери

Минатото лето долго се шпекулираше дека Барселона сака да го продаде Рафиња, а фудбалерот не беше задоволен од минутажата која ја добива кај Чави Ернандес. Сепак, со доаѓањето на Ханси Флик, Бразилецот буквално експлодира и се промовира во еден од најдобрите фудбалери на Каталонците.

Раководството на Барселона и сега нема проблем да го продаде, но само ако добие понуда од најмалку 80 милиони евра бидејќи сметаат дека Бразилецот не може да ја повтори оваа сезона, а договорот му истекува во 2027 година.

Ал-Хилал од Саудиска Арабија веќе и официјално испрати понуда до Барселона од 80 милиони евра, а на Рафиња му нудат 200 милиони евра годишно. Сега останува на Каталонците, но и на самиот фудбалер да одлучат дали ќе ја прифатат понудата или ќе чекаат подобра.

- Оглас -

Најнови вести