Раководството на Барселона и официјално покрена дисциплинска постапка против Марк-Андре тер Штеген, а тоа значи дека Германецот останува и без капитенската лента.
„По покренувањето на дисциплинската постапка против Марк-Андре тер Штеген и до конечното решение на овој случај, клубот, со договор со спортскиот директор и стручниот штаб, одлучи привремено да му ја одземе капитенската лента на првата екипа. Должноста прв капитен во овој период ја презеде досегашниот втор капитен, Роналд Араухо“, се вели во соопштението на Барселона.