20.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Барселона и Ориол Ромеу тајно го раскинале договорот на три дена пред истекот на преодниот рок

Раководството на Барселона и дефанзивниот фудбалер од средниот ред, Ориол Ромеу, тајно го раскинале договорот на 28-ми август, односно на три дена пред истекот на преодниот рок.

Тоа значи дека Каталонецот сега е слободен фудбалер и може да си бара нова средина, а од Барселона информацијата ја потврдија дури вечерва, откако медиумите веќе објавија.

Ромеу пристигна во Барселона летото 2023 година на барање на тогашниот тренер, Чаби Ернандес, а за него беше платена сума од 3,4 милиони евра на Жирона. 33-годишниот фудбалер веднаш стана миленик на публиката откако беше објавено дека самиот платил дел од обесштетувањето само за да го облече дресот на „каталонците“ и да си го исполни сонот.

Ориол Ромеу потекнува од академијата на Барселона, но на 20-годишна возраст направи трансфер во Челзи за 4,6 милиони евра, а потоа го носеше и дресот на Валенсија, Штутгарт, Саутемптон и Жирона.

- Оглас -

Најнови вести