Каталонскиот весник “Мундо Депортиво“ во своето денешно издание пишува дека Барселона и ПСЖ склучиле пакт и веќе нема да си “крадат“ фудбалери. Ова доаѓа откако ПСЖ ја активираше откупната клаузула за Осман Дембеле и за само 50 милиони евра ќе го доведе на “Паркот на принцовите“.
Барселона се обиде да го оспори овој трансфер, но од ПСЖ им порачаа дека ако не го пуштат сега, тогаш следното лето ќе го ангажираат бесплатно. “Каталонците“ на крајот се согласија да го пуштата, со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот.
ПСЖ во минатото на Барселона и ги “украде“ и Нејмар и Меси, па ваквиот договор и тоа како ќе биде од корист за клубот од Каталонија.