Барселона и Реал Мадрид ги објавија цените на билетите, „кралевите“ срушија клупски рекорд

Раководствата на Барселона и Реал Мадрид ги објавија цените на билетите за натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, односно Арсенал. Кога ќе се погледнат цените станува јасно дека најефтино е да гледаш фудбал на гостински терен, бидејќи цената од 60 евра за гостинските фанови ја одредува УЕФА, но тој број на билети е ограничен.

Реал Мадрид одреди цени кои се движат помеѓу 125 и 450 евра за дуелот против Арсенал, што воедно претставува клупски рекорд и ја надминува цената од 445 евра, колку што чинеше најскапиот билет за мечевите против Манчестер сити и Баерн Минхен од ланското издание на Лигата на шампионите.

Билетите за дуелот на Барселона против Борусија Дортмунд се нешто поефтини и тие се движат помеѓу 159 и 359 евра.

- Оглас -

Најнови вести