21.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Барселона и Реал Мадрид се тимови кои најдобро поминуваат со пеналите во Шпанија

Статистиката покажува дека најтрофејните Реал Мадрид и Барселона најдобро поминуваат во Шпанија кога е односот на пенали за и против во прашање.

Со воведувањето на ВАР технологијата, судиите може и да поправат своја грешка ако досудат некој непостоечки пенал, но нивното убедување и проценка дали било пенал, најчесто е пресудно.

Вчера за Реал Мадрид беа досудени дури три пенали на гостувањето кај Селта (вторпат во историјата на шпанската лига гостински тим изведе три пенали), и веднаш од клубот од Виго, но и каталонските медиуми, го нападнаа судијата. Во ноември 2020, Реал беше жртва и против нив беа досудени три пенали на еден меч во Валенсија.

Оваа сезона, Реал и Барса имаат најдобар однос на досудени пенали за и против во Ла Лига, и имаат плус 7. За Реал се досудени 10 пенали, а против Реал три. Од друга страна, Барса изведе 7 пенали, а сезонава уште не е досуден пенал против нив.

Најлошо салдо имаат Елче со еден за и осум против (-7), како и Гранада и Рајо Валјекано со по 3-8, што е негатива од пет пенали. Севилја е на 3-2, а Атлетико има негативни 3-6.

- Оглас -

Најнови вести