Роберт Левандовски пристигна во Барселона за сума од 45 милиони евра од Баерн Минхен во 2022 година и само ја продолжи гол серијата од Бундеслигата во Ла Лига. Сепак, неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а раководството на „каталонците“ одлучи дека соработката нема да продолжи.
Спортскиот директор, Деко, е во потрага по соодветна замена, а желбата на Ханси Флик е да биде купен друг напаѓач и повторно од Бундеслигата. Се работи за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, кој во моментов вреди 40 милиони евра и има договор до 2028 година.
Германецот гледа идеално решение за офанзивата токму во фудбалерот од Гвинеја, кој до неодамна играше на Африканскиот куп на нации. Сепак, според информациите од Германија, „милионерите“ немаат намера да го ослободат за таа сума и сакаат за него да добијат 65 милиони евра.

