27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Барселона има два пеколни плана

Поради финансиски проблеми, Барселона летово остана без неколку важни играчи, но, секако, најголем удар е заминувањето на Лионел Меси. Без Меси во тимот, Барселона претрпе дополнителни загуби на маркетиншки план, но претседателот на клубот Жоан Лапорта верува дека следното лето ситуацијата ќе биде подобра.

Најавите се дека Пол Погба може да пристигне на „Камп ноу“, и тоа како слободен играч затоа што договорот на Французинот со Црвените ѓаволи е до јуни 2022 година.

Сепак, доколку Погба реши да не дојде во Барселона, Каталоците имаат план Б. Тие размислуваат да го доведат Френк Кеси, кој исто така ја игра последната сезона во Милан, барем според важечкиот договор. Кеси засега одбива да ја продолжи соработката со Росонерите, па можно е да сака да си замине без пари на крајот од сезоната.

Кеси, исто како Погба, игра на позицијата централен играч за врска, физички е силен и е млад, има само 24 години. Останува да почекаме следното лето дали Барселона ќе успее да се врати во игра со некој голем трансфер.

 

- Оглас -

Најнови вести