Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетик Билбао во десеттото коло од Ла Лига со минимални 1:0 и тоа благодарение на новиот бисер од академијата Ла Масија, Марк Гуи.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, во 79-та минута одлучи да го внесе во игра 17-годишниот Гуиу кој пак следната минута по асистенција на Жоао Феликс, го постигна голот за победа на Барселона.
Со триумфот во дерби пресмерката и освоените три бода, Барселона сега е трета на табелата со 24 бода, еден помалку од лидерите Реал Мадрид и Жирона.