Шпанскиот шампион Барселона со убедлив пораз од 5:0 од Арсенал и официјално ги започна контролните натпревари пред новата сезона, за која тренерот Чави Ернандес подготвува изненадување.
Младиот 20-годишен Фермин Лопес ги воодушеви сите во Барселона на досегашниот дел од подготовките. Лопес во славната фудбалска академија на Барселона, „Ла Масија“ пристигна пред пет години, а минатата сезона ја помина на позајмица во третолигашот Линарес, за кого постигна 12 гола и имаше пет асистенции.
Fermin Lopez – 2022/23 pic.twitter.com/93uYlJM7tN
— FCB Canteranos (@fcbcanteranos) July 20, 2023
Тој игра во средниот ред, а минатата сезона играше и на крилните позиции и неговата сестраност може да му биде од корист на Чави Ернандес.
Тренерот Чави одлучи да му даде шанса на стартот од подготовките за новата сезона и Лопес веќе ги воодушеви ѕвездите на каталонскиот тим.
Pedri: "A player I like a lot is Fermín [López], I've never had the pleasure of playing with him and I see that he has a lot of energy and above all a lot of quality." pic.twitter.com/ZiWeGSAvlZ
— Barça Universal (@BarcaUniversal) July 22, 2023
„Многу ми се допаѓа. Никогаш досега не сум играл со него, но гледам дека е многу добар“, изјави Педри.
Играч кој многу добро ги знае квалитетите на Фермин Лопес е Алехандро Балде.
„Игравме заедно во младите категории. Фермин е фантастичен фудбалер и конечно тоа го покажува и на тренинзите со првиот тим на Барселона“, вели Балде.