Барселона има пеколен напад, но не го надмина рекордот на Реал Мадрид од пред 65 години

Барселона убедливо со 4:0 го победи Реал Сосиедад во меч од 26-тото коло на шпанското првенство. Со оваа победа каталонскиот гигант се искачи на првото место на табелата со 57 бода. Барселона досега во првенството постигна неверојатни 71 гол, што е просек од 2,73 погодоци по меч.

Ако се додадат и средбите во останатите натпреварувања кои Барселона ги одигра сезонава, вкупно има 40 натпревари во кои постигнаа 124 гола. Ова се неверојатни бројки затоа што просекот е 3,1 голови на меч за Барселона сезонава, бројки кои не се паметат со децении.

Ударното трио сезонава е Роберт Левандовски, Рафиња и Ламин Јамал. Овие тројца сезонава заедно имаат постигнато 98 гола, а имаат и 32 асистенции.

Овој напад на Барселона едноставно е незадржлив, но педантните статистичари потврдија дека пред многу години Реал Мадрид имал уште поочаен напад. Барселона во 40 меча сезонава постигна 124 гола во сите натпреварувања, но не го надмина рекордот на Реал Мадрид од сезоната 1959/60, кога Кралскиот клуб во 40 меча постигна неверојатни 132 погодоци. Тоа значи дека рекордот на мадридскиот гигант од пред 65 години уште останува недопирлив.

- Оглас -

Најнови вести