Барселона финансиски се стабилизираше, па на нивната адреса веќе започнаа да пристигнуваат соодветни и богати понуди за најдобрите фудбалери на екипата. Времињата во кои противниците сакаа да ги купат фудбалерите на „каталонците“ по пониска цена се минато, па ПСЖ веќе испратиле понуда вредна 50 милиони евра за Алехандро Балде.
Лапорта не одговорил со „не“, но ниту ја прифатил оваа понуда, бидејќи смета дека 21-годишниот фудбалер вреди двојно повеќе, односно 100 милиони евра. За „светците“ оваа сума е превисока, а фудбалерот има договор до 2028 година, па доколку сакаат да го добијат ќе треба да ја зголемат понудата.
Балде потекнува од академијата на Барселона и секако дека најдобро се чувствува дома, но последниот збор ќе го има Лапорта.