Барселона има сон да го донесе Јирген Клоп за тренер!

Барселона сака да го види германскиот тренер Јирген Клоп на нивната клупа, пишува каталонскиот весник „Спорт“. Според оваа шпекулација, клубот сигурно ќе се раздели со Роналд Куман по завршувањето на сезонава, ако не и порано, а главни кандидати за негов наследник се Чави и Клоп, иако досега клубот не испратил никаква понуда до нив.

Чави е една од најголемите легенди на Барса, тој во моментов со успех работи во Катар и фановите сакаат тој да биде идниот тренер на Барселона. Чави е фаворит, но сонот на раководството е Клоп.

Клоп веќе шест години работи во Ливерпул, им донесе европска и премиерлигашка титула на Црвените и важи за еден од најдобрите и најхаризматични тренери на светот. Пишувањето дека Барса е заинтересирана за него доаѓа во време кога Каталонците загубија Ел Класико, а Клоп со Ливерпул го разби Манчестер јунајтед и изјави дека за Мохамед Салах ако си замине од Ливерпул, подобро би било да оди во Барса отколку во Реал Мадрид.

Договорот на Клоп со Ливерпул истекува во 2024 година. Тој во минатото има изјавено дека не знае што ќе прави по истекувањето на договорот, но би бил задоволен со кариерата ако таа му заврши во Ливерпул по водењето на Мајнц и Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести