Барселона има страшна понуда за Халанд, вкупниот трансфер би бил 270 милиони евра

Каталонски „Спорт“ објави интересна информација според која Барселона има намера да го купи Ерлинг Халанд за вкупен трансфер од неверојатни 270 милиони евра.

Каталонците би ја активирале клаузулата што Норвежанецот ја има со Борусија Дортмунд за 81 милион евра, а потоа би му платила вкупно 189 милиони евра на Халанд за петгодишен договор.

Преговорите ги води познатиот менаџер Мино Рајола, кој истакнал дека ваква понуда не се одбива.

Токму Барселона го држи рекордот, но пред пет години беше на спротивната страна и го продаде Нејмар во Пари Сен Жермен за сума од 222 милиони евра.

Втор на вечната листа е трансферот на Килијан Мбапе, а ПСЖ повторно плати огромна сума, околу 180 милиони евра вкупно на сметката на Монако.

Халанд би добил 16,5 милиони фунти во првата сезона, а потоа скалесто би имало покачување на сумата, за втората сезона 25 милиони фунти, за третата 33 милиони фунти, потоа 41,5 милиони фунти и во последната година од договорот 45,5 милиони фунти.

Борусија го купи Халанд во 2019 година од Салцбург за сума од 20 милиони евра и би била ќар над 60 милиони евра ако Норвежанецот ја прифати понудата на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести