14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Барселона има посебна желба од селекторот на Португалија

Репрезентацијата на Португалија веќе обезбеди место на завршницата на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија, но имаат уште обврска за да го доиграат квалификациите. Следниот предизвик за Португалците ќе биде гостувањето кај Босна и Херцеговина, а фаворизираната селекција може да игра без еден важен играч.

Според пишувањата на каталонскиот весник Спорт, Барселона дала молба до селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, да го поштеди Жоао Кансело и да го остави на клупата за резерви.

Кансело сезонава одигра многу мечеви. Само во последните 40 денови има поминато 829 минути на теренот. Единствениот меч кој не го одигра од почеток до крај е Португалија 0 Луксембург на 11 септември.

Дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Португалија се игра утре со почеток од 20:45 часот во Зеница.

- Оглас -

Најнови вести