Барселона изгледа моќно – Обамејанг ги повтори подвизите на Ето и Ибрахимовиќ (ФОТО)

Барселона со убедливи 4:0 славеше над Осасуна и продолжува со одличните игри под водство на Чави.

Великанот од Каталонија пред своите навивачи одигра одличен натпревар во пресрет на реваншот против Галатасарај од Лигата на Европа, каде што се влегува со резултат 0:0.

На средбата против Осасуна, одличен настап имаше Феран Торес, кој погоди од пенал во 14-тата, а потоа и убаво ја искористи асистенцијата на Осман Дембеле во 21-вата минута, додека со голот на Пјер-Ерик Обамејанг само шест минути подоцна ги реши сите дилеми, ако воопшто ги имаше.

За напаѓачот ова беше петти гол на шест натпревари во Ла Лига, со што ги повтори подвизите на Самуел Ето и Златан Ибрахимовиќ.

Конечниот резултат беше дело на Рики Пуџ во 75-тата минута, а Барселона сега има 51 бод и е на делба на третото место со Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести