26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Барселона израмни два рекорди на Реал Мадрид

Барселона со победата над Динамо во Киев од 4:0 докажа дека без проблеми ја поминува групната фаза од Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант со синоќешниот триумф израмни два рекорди кои досега ги држеше нивниот најголем ривал Реал Мадрид.

За тимот од „Камп ноу“ ова е 17-та сезона по ред да се пласира во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, нешто што претходно му успеало само на Реал Мадрид.

Освен што ќе бидат дел од Топ 16, Барселона веќе девети пат успева да обезбеди сигурен пласман понатаму само по четири одиграни кола. Тимот на Роналд Куман има перфектни четири победи во четири меча. Низ историјата на ЛШ единствено Реал Мадрид досега успевал девет сезони да си обезбеди место во нокаут-системот само по четири одиграни кола во групната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести