Барселона ја договори продажбата на Роке, ФС на Шпанија забранува трансфери

Витор Роке само пред една година пристигна во Барселона за 30 милиони евра од бразилски Атлетико Паранаенсе и требаше да биде големо засилување. Сепак, само по една полусезона, тој беше испратен на позајмица во Бетис, каде што треба да ја заврши сезоната.

Сега Каталонците договорија негов трансфер во Палмеирас за 25,5 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра во бонуси, но Фудбалскиот сојуз на Шпанија не дава дозвола за овој трансфер. Иако и Бетис се согласи да му ја прекине позајмицата веднаш, правилата во Шпанија велат дека екипите не смее да продаваат фудбалери во текот на сезоната.

Раководството на Барселона се обратило и до ФИФА и до УЕФА за мислење, од каде што добиле дозвола за реализација на трансферот, под услов трансфер-периодот да не е завршен во земјата каде што ќе замине фудбалерот.

Роке собра 13 настапи за репрезентацијата на Бразил, на кои постигна седум гола, но неговата вредност падна од 40 на 20 милиони евра, па доколку се реализира овој трансфер, ќе биде и тоа како од корист за Каталонците, кои не само што ќе се ослободат од непотребниот фудбалер, туку и добро ќе заработат.

- Оглас -

Најнови вести