25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Барселона ја донесе одлуката за иднината на Куман

Роналд Куман од наредната недела нема да биде повеќе тренер на Барселона.

Раководството на каталонскиот тим одлучи да му врачи отказ на холандскиот тренер, кој постигнува резултати кои се под очекувањата на тимот.

Иако играчите му даваат поддршка, сепак, тоа не беше доволно за останување на Куман по дебаклот од Бенфика од 3:0, а разделбата ќе ја чини Барселона 12 милиони евра.

Веќе на големо се шпекулираат неговите заменици, а како најсериозни кандидати се Роберто Мартинес, како и клупската легенда Чави.

Во секој случај тимот ќе мора добро да го одбере новиот предводник, со оглед на тоа во каква ситуација се наѓаат во моментов, и на финансиски и на резултатски план.

 

- Оглас -

Најнови вести