Барселона веќе три меча по ред не знае за победа во шпанското првенство. Во овие три дуели, каталонскиот гигант прими дури пет гола, покажувајќи дека дефанзивата е најслабиот дел од екипата. И пред овие две средби, мрежата на Барселона се тресеше на претходните два натпревари.
Со вкупно 5 дуели по ред на кои прима барем по еден гол, Барселона ја има најлошата одбрана во последните 13 години. Такво нешто на Барселона ѝ се нема случено уште од сезонагта 2005/06, кога тренер беше Франк Рајкард. Таа сезона, Барселона во првите седум меча имаше примено 10 гола и со 10 бода беше на шестото место на табелата. Сега билансот сепак е подобар, Тимот предводен од Ернесто Валверде прими осум гола и е лидер на табелата со 14 бодови, колку што има и Реал Мадрид.
Незадоволство од играта во одбраната изрази и капитенот Лионел Меси, кој потврди дека мора да се подобри играта во дефанзивниот ред, но, сепак, ги смири навивачите велејќи дека екипата не е во криза.
„Несериозно е секој меч да примаме гол. Сепак, навивачите треба да бидат спокојни, бидејќи не сме во криза и резултатите ќе бидат многу подобри“, рече Меси.