35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Барселона ја има најлошата одбрана во последните 13 години

Барселона веќе три меча по ред не знае за победа во шпанското првенство. Во овие три дуели, каталонскиот гигант прими дури пет гола, покажувајќи дека дефанзивата е најслабиот дел од екипата. И пред овие две средби, мрежата на Барселона се тресеше на претходните два натпревари.

Со вкупно 5 дуели по ред на кои прима барем по еден гол, Барселона  ја има најлошата одбрана во последните 13 години. Такво нешто на Барселона ѝ се нема случено уште од сезонагта 2005/06, кога тренер беше Франк Рајкард. Таа сезона, Барселона во првите седум меча имаше примено 10 гола и со 10 бода беше на шестото место на табелата. Сега билансот сепак е подобар, Тимот предводен од Ернесто Валверде прими осум гола и е лидер на табелата со 14 бодови, колку што има и Реал Мадрид.

Незадоволство од играта во одбраната изрази и капитенот Лионел Меси, кој потврди дека мора да се подобри играта во дефанзивниот ред, но, сепак, ги смири навивачите велејќи дека екипата не е во криза.

„Несериозно е секој меч да примаме гол. Сепак, навивачите треба да бидат спокојни, бидејќи не сме во криза и резултатите ќе бидат многу подобри“, рече Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести