-2.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Барселона ја најде идеалната замена за Левандовски, налето може да дојде како слободен фудбалер

Судбината на Роберт Левандовски во Барселона е неизвесна, со оглед дека договорот му истекува налето, а нема најави дека ќе биде продолжен. Тоа би значело дека Каталонците ќе мора да доведат квалитетен напаѓач како соодветна замена за полскиот репрезентативец.

Според информациите од Шпанија, во Барселона сметаат дека идеалното решение за нападот би бил Душан Влаховиќ од Јувентус, играч кому му истекува договорот во јуни и може бесплатно да пристигне на „Камп ноу“.Сепак, постои и опција според која Барселона може да го купи уште во зимскиот преоден рок со голем попуст.

Србинот долго најавуваше дека сака да се пресели во Премиер лигата, но повик од Барселона може да ја промени ситуацијата и тој на крајот да заврши во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести