Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, без размислување ја одби неверојатната понуда на ПСЖ за 16-годишниот Ламин Јамал, кој се смета за еден од најголемите фудбалски таленти на денешницата.
Каталонскиот весник „Мундо депортиво“ пишува ПСЖ доставил понуда до Барселона тешка 200 милиони евра за Јамал. Но, Лапорта без размислување ја одбил понудата и преку агентот на младиот фудбалер, Жорге Мендеш, им порачал на Светците дека „нема такви пари кои би го натерале да го продаде Јамал“.
Со ова, пропадна идејата на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, Јамал да биде наследникот на Килијан Мбапе.
ПСЖ и Ал-Келаифи нема лесно да се помират со „поразот“ и ќе се обидат на Барселона да и го украдат посакуваното засилување, Бернардо Силва. Португалецот налето ќе си замине од Манчестер сити, а ПСЖ сака да го донесе на „Паркот на принцовите“, но според шпанските и англиските медиуми, најверојатно повторно ќе извиси.
Имено, голема желба на Силва е да се пресели во Барселона и поради тоа пред неколку недели ги одби неверојатните понуди од Саудиска Арабија.