28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Барселона ја одреди цената за Фермин Лопес и му даде рок од 48 часа да одлучи дали ќе си оди или ќе остане

Актуелниот светски шампион, Челзи, покажа сериозен интерес за фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопес, но тренерот на Каталонците, Ханси Флик не е расположен да го пушти да си замине.

Сепак, Барселона се наоѓа во таква финансиска состојба, што мора да размислува и да ослободи некој фудбалер, па раководството на актуелниот шампион на Шпанија ја одреди цената по која би се согласиле да го пуштат. Иако Челзи размислуваше за понуда од околу 50 милиони евра, сепак Каталонците би го ослободиле фудбалерот за 70 милиони евра.

Сега останува на фудбалерот да одлучи дали ќе остане на „Камп ноу“ или ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, а раководството веќе му оставило рок од 48 часа да одлучи и да го информира клубот.

- Оглас -

Најнови вести