18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Барселона ја одреди цената за Кутињо

Барселона ќе ги земе во предвид сите понуди за Филипе Кутињо доколку ја достигнат сумата која тие ја бараат. Во текот на летниот преоден рок, шпанскиот првак ќе очекува повици од европските гиганти околу услугите на Бразилецот, а подготвени се да прифафат понуда од 100 милиони евра.

Кутињо во јануари 2018 година се пресели на „Камп ноу“ од редовите на Ливерпул за сума од 125 милиони евра, а истата може да стигне до 150 милиони евра доколку се активираат одредени бонуси. Иако тој требаше да биде долгорочна замена за Андрес Иниеста, Кутињо не ги оправдува средствата. Раководството на Барселона веќе нема трпение, па ќе се обиде да врати поголем дел од средствата издвоени за Бразилецот.

Засега познат е интересот на Манчестер јунајтед и Челзи, но Бразилецот не размислува да се врати на Островот бидејќи неговото семејство не сака повторно да живее во Англија. Се споменува и можна преселба во ПСЖ, а Кутињо нема ништо против да игра покрај својот добар пријател и репрезентативен колега Нејмар.

Откако ја напушти Англија, Кутињо никако да се приспособи на животот во Барселона. Од него се очекуваше многу, но Каталонците за возврат добија многу малку. Оваа сезона игра далеку под својот максимум, на 41 меч во сите натпреварувања Кутињо забележа само девет гола и пет асистенции, додека во 2019 година сè уште не нема одиграно меч во целост, на кој започнал од првата минута.

- Оглас -

Најнови вести