Барселона ја почасти Селта со опстанок

Селта Виго славеше со 2-0 против шампионот Барселона и обезбеди опстанок во шпанската елита. Ернесто Валверде разбирливо ги одмори главните адути за реваншот со Ливерпул во Лигата на шампиони, бидејќи Барса веќе ја заврши работата во Ла Лига, а остана да се потврди пласманот во ново европско финале.

Сето тоа одеше во прилог на Селта, па против резервите на шпанскиот првак можеа да се надигруваат и да ја остварат најубавата победа во историјата, која им донесе опстанок. Стрелци на погодоците беа Макси Гомес и Иаго Аспас, а триумфот можеше да биде уште поубедлив бидејќи и Араухо ја затресе мрежата на Силесен, но судијата го поништи голот поради недозволена позиција на играчот на Селта.

Со 40 бода, односно пет бода повеќе од зоната за испаѓање, Селта се наоѓа на 14-тата позиција, исто колку што има и Вилјареал.

https://www.dailymotion.com/video/x77f04z

- Оглас -

Најнови вести