Кевин-Принс Боатенг во зимскиот преоден рок дојде во Барселона. Овој трансфер за многумина беше нејасен бидејќи тешко дека играч кој настапува во тим од средината на табелата во италијанската Серија А, ќе има квалитети да настапува во шпанскиот првак.
Иако помина само еден месец од реализација на позајмицата, уште сега е јасно дека на крајот од сезоната Барселона ќе го врати Боатенг во Сасуоло. Боатенг во минатото имаше играно во Шпанија за екипата на Лас Палмас, а сезонава во Сасуоло на 13 средби даде четири гола.
Барселона многу брзо му даде шанса на Боатенг да се докаже, но тоа не се случи. Напаѓачот беше стартер на дуелот против Валјадолид, кога играше на местотот на Луис Суарес. Сепак, Боатенг одигра слабо, а успеа и да се посрамоти кога утна една одлична шанса за гол.
Навивачите многу брзо започнаа да негодуваат за овој трансфер, па речиси сигурно е дека каталонскиот гигант на крајот од сезоната нема да го откупи договорот за напаѓачот и ќе го врати во Сасуоло.