Ернесто Валверде се согласи на продолжување на соработката со Барселона на уште една сезона, со опција да остане на кормилото на шпанскиот првак до 2021 година. Раководството на Барселона со задоволство му понуди нов договор на Валверде, кој се покажа како полн погодок по неговото ангажирање од редовите на Атлетик Билбао во 2017 година.
Шпанскиот стратег во дебитанстката сезона како шеф на стручниот штаб на Барса го водеше тимот до двојна круна во Шпанија. Валверде ги предвовеше Каталонците на 96 натпревари досега, на кои запиша 65 победи, 22 ремија и само девет порази.
Бранителот на титулата во Ла Лига во следното коло од шпанското првенство го пречекува Валјадолид (сабота, 20:45 часот), а во вторник Барса ја започнува етапата во Лигата на шампионите, каде што во осминафиналето ќе се соочи со Лион.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1096319006741614598