Барселона како на тренинг против Реал Сосиедад до прво место во Ла Лига (Видео)

Барселона на најдобар можен начин го искористи киксот на Реал Мадрид и сега е осамена на врвот од табелата во Ла Лига. „Каталонците“ со убедливи 4-0 славеа на домашен терен над Реал Сосиедад, откако гостите останаа со фудбалер помалку на теренот во 17-тата минута после исклучувањето на Еустондо.

Жерар Мартин во 25-тата минута и Марк Касадо во 29-тата минута донесоа убедливи 2-0 за Барселона, што и за двајцата беа први голови во сениорската кариера. Во вториот дел погодија и Роналд Араухо во 56-тата и Роберт Левандовски во 60-тата минута.

За доминацијата на Барселона доволно говори и статистиката од натпреварот. „Каталонците“ имаа 76% од поседот на топката, упатија вкупно 33 удари кон противничкиот гол, а изведоа и 12 корнери. За разлика од нив, гостите од Баскија немаа ниту еден шут или корнер и воопшто не ја загрозија Барселона.

- Оглас -

Најнови вести