Барселона како замена за Дембеле ќе носи напаѓач од Мадрид?

Усман Дембеле и дефинитивно ќе биде надвор од фудбалските терени во следните шест месеци. Ова го потврдија челниците на каталонскиот гигант, што значи дека Барселона до крајот на сезоната ќе биде без еден од најскапите фудбалери.

Дембеле се повреди на тренинг, а првично се најавуваше дека ќе паузира четири месеци. На крајот прогнозите се покажаа како уште полоши и офанзивниот играч за врска нема да може да игра половина година. Ова е голем удар за Барселона ако се знае дека претходно се повреди и Луис Суарес и Уругваецот исто така ќе паузира неколку месеци.

По овие повреди на клучните играчи, постои опција Шпанската федерација да ѝ дозволи на Барселона да доведе нов играч иако преодниот рок е завршен. Сепак, и за таков трансфер постојат лимити. Тоа мора да биде некој играч кој моментно е слободен или фудбалер од некој друг шпански клуб.

Како најверојатна опција за такво нешто се споменува напаѓачот на Хетафе, искусниот Родригез. Сезонава Родригез има постигнато 13 голови и е еден од најзаслужните што тимот од предградието на Мадрид моментно е на третото место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести