-0.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Барселона ќе добие забрана да игра во Лигата на шампионите во наредните неколку сезони?

Германските медиуми објавуваат дека од „сигурни извори“ дознале дека Барселона ќе добие забрана за настап во фудбалската Лига на шампиони во траење од две или три сезони, почнувајќи од наредната 2024/2025.

Барса е осомничена дека го прекршила финансискиот правилник на УЕФА. Секој клуб мора да ги компензира расходите со приходи во тригодишен циклус. Во септември Барса објави дека во 2022 година имала заработка од 304 милиони евра и дека вкупниот долг на клубот го намалиле на 552 милиони.

Каталонците се едни од главните заговорници на Суперлигата, таму го гледаат спасот од лошата финансиска состојба, па можеби и затоа УЕФА нема да им прости по вторпат, откако и летоска „висеше“ учеството на Барса во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести