21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Барселона ќе донесе нов искусен напаѓач од Манчестер

Екипата на Барселона бара замена за Кун Агуеро кој што мораше предвремено да се пензионира поради проблеми со срцето.

Станува збор за Единсон Кавани кој што ќе пристигне во јануари на позајмица од Манчестер јунајтед.

Уругваецот претежно е на клупата на „црвените ѓаволи“ а со Барса ќе потпише договор до јуни наредната година, а доколку бидат задоволни двете страни, тогаш истиот може да биде продолкжен.

Кавани својот последен настап во дресот на Манчестер го имаше дури на 2-ри ноември во мечот против Аталанта од Лигата на шампионите.

Додека, пак во листата на стрелците последен пат се запиша на 30 октомври против Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести