Жоан Лапорта неодамна се врати на претседателското место во Барселона и веднаш најави дека главна цел му е да го врати клубот на врвни рамки и повторно да ги освојува најзначајните трофеи. Уште во првиот преоден рок кој следи под водство на Лапорта, Барселона се очекува да направи неколку одлични договори.
Најавите се дека на „Камп Ноу“ ќе пристигнат пет врвни играчи, а за нив вкупно ќе бидат платени 10 милиони евра. Дресот на Барселона во новата сезона ќе го облечат Серхио Агуеро, Мемфис Депај, Ерик Гарсија, Џорџино Вајналдум и Емерсон Ројал.
Агуеро и Депај беа на списокот на играчи кои ги сакаше Лионел Меси уште минатата сезона. Откако минатото лето не дојдоа, сега двајцата ќе пристигнат како слободни играчи затоа што им завршија договорите со Манчестер сити, односно Олимпик Лион.
Од Сити како слободен играч ќе пристигне Гарсија кој во 2018 година меѓу Граѓаните замина токму од Барселона, што значи дека сега се враќа во „старо јато“. Од Ливерпул како слободен играч ќе пристигне и Вајналдум на кого му заврши договорот со гигантот од „Енфилд роуд“.
Барселона единствено ќе треба да плати оштета за доведување на Бразилецот Емерсон од Бетис. Трансферот на Емерсон кој игра на позиција десен бек, вреди 10 милиони евра.