Раководството на Барселона воведе строга контрола на јавните настапи и објавите на социјалните мрежи на Ламин Јамал откако младиот фудбалер предизвика лавина од реакции на два дена пред Ел Класико со изјавата дека „Реал Мадрид краде, па се жали“.
Неговиот менаџер, Жорж Мендеш, ќе биде задолжен да ги проверува сите објави на социјалните мрежи, пред тие да бидат објавени и да ги одобрува или да ги забранува. Истовремено, раководството на Барселона ќе ги контролира јавните настапи на 18-годишниот Шпанец, кому нема да му биде дозволено да се појавува во јавност без претходно одобрение.

