1303 Осасуна – Барселона (21.30 часот)
Барселона испадна од Лигата на шампионите, но затоа игра одлично во Ла Лига, каде што се наоѓа на лидерската позиција на табелата со два бода предност пред Реал Мадрид.
Каталонскиот тим вечерва ѝ гостува на Осасуна, која исто така игра одлично и на последните четири меча оствари три победи и еднаш играше нерешено. На фудбалерите на Барселона им годи гостувањето во Памплона и на последните четири меча давале најмалку по два гола. Очекуваме тоа да се случи и вечерва, Барселона да дојде до нова победа во Ла Лига и да постигне најмалку два гола.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.60)
1241 Ливингстон – Абердин (20.45 часот)
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра фантастично во шкотската Премиер лига и е најзаслужен што неговиот тим Абердин се наоѓа на третото место на табелата, зад гигантите Селтик и Ренџерс. Миовски досека постигна 10 гола во Премиер лигата и е на второто место на најдобри стрелци.
На првиот меч против Ливингстон, неговиот тим славеше со 5:0, а Македонецот даде два гола. Редовно има најмалку два гола на меѓусебните дуели, последен пат меч меѓу Абердин и Ливингстон што завршил со помалку од два гола се одиграл пред 17 години. Затоа очекуваме и вечерва да има голови, а тимот на Миовски да не загуби.
Предлог тип: Х2 & 2-5 (2.04)
1302 Атлетик Билбао – Валјадолид (20.00 часот)
Атлетик одлично ја започна сезоната во Ла Лига и на првите седум меча оствари дури пет победи, но потоа следуваше пад во играта. Тимот од Баскија на последните шест кола забележа три порази и има само една победа. Валјадолид ја подобри формата во последните 20-тина дена и на четири меча во Ла Лига оствари три победи. Но, отсуството дури на четворица стандардни играчи од првиот тим поради повреди (Ануар, Ескудеро, Кенеди и Перез) се очекува да го искористи Атлетик и да се врати на победничките патеки.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.84)
1801 Волфсбург – Борусија Дортмунд (18.30 часот)
Еден од поинтересните дуели во 14-тото коло во Бундеслигата се очекува да биде тој меѓу Волфсбург и Борусија Дортмунд. Волфсбург во последните шест кола има три победи и ремија и игра ефикасно постигнувајќи 15 гола. Последниот пораз го доживеа речиси пред два месеца, на 18 септември од лидерот Унион Берлин.
Милионерите одлично тераат на три фронта иако тренерот Един Терзиќ има големи проблеми со повредените фудбалери. Но, Џад Белингем игра одлично, а фантастичен е и младиот 17-годишен напаѓач Јусуфа Мукоко, кој досега даде 6 гола и има 3 асистенции. Борусија на гости славеше на последните пет меѓусебни дуели, но Волфсбург сезонава игра многу подобро и за очекување е и да има голови на „Фолксваген арената“.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.95)
3003 Кремонезе – Милан (20.45 часот)
Милан минатото коло го искористи поразот на Аталанта да ја прескокне на табелата и да се искачи на второто место, па се очекува да ја продолжи потерата по лидерот Наполи. Росонерите вечерва му гостуваат на повратникот во Серија А, Кремонезе, и се апсолутни фаворити за триумф. Милан има пет победи во последните шест меча, додека Кремонезе ремизира на последните два натпревари, но квалитетот е на страната на росонерите и се очекува нова победа во Серија А.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.40)