Барселона – Славија П. (18:55 ч.)
По малку чудно делува фактот дека Барселона во првите три кола од групната фаза даде само четири гола, но најважно за Каталонците е тоа што се лидери. Славија е аутсајдер во друштвото каде што се уште и Борусија Дортмунд и Интер, па затоа Барселона едноставно мора да ги освои трите бода на „Камп ноу“.
Со победа, тимот на Ернесто Валверде ќе биде многу блиску до пласман во нокаут-фазата. Домашните играчи се должни да им се „извинат“ на навивачите за очајната игра и поразот од Леванте во првенството, па затоа денеска може да очекуваме напаѓачка Барселона и да има меч со повеќе погодоци.
Предлог тип: Т1 1+I&T1 3+ (2.20) – квота на денот во Sport Life
Челзи – Ајакс (21 ч.)
Двете екипи се борат за продолжување во нокаут-системот, а тоа значи дека пораз би можел да биде и кобен. На мечот во Амстердам, Челзи го изненади Ајакс и победи со 1:0. Ајакс е тим кој има четири победи по ред во Лигата на шампионите (Валенсија 3:0, Тотенхем 1:0, Јувентус 2:1, Реал Мадрид 4:1), па холандскиот гигант сигурно ќе сака да ја продолжи оваа одлична низа против големи ривали.
Ајакс има одличен напад, а Челзи со млад и полетен тим сигурно ќе сака да докаже дека радоста во Амстердам не била случајна.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.10) – квота на денот во Sport Life
Борусија Д. – Интер (21 ч.)
Ова е дерби на денот во ЛШ. Ако се знае дека во својата група ја имаат и Барселона, ова може да биде меч кој ќе биде и решавачки за тоа кој ќе биде вториот патник во следната фаза. Интер си ја заврши домашната задача и победи со 2:0, а сега предизвикот е Борусија да покаже што знае на свој терен.
Атмосферата на стадинот во Дортмунд секогаш е феноменална и тоа е само поттик да има офанзивен фудбал со погодоци на двете страни. Милионерите се благи фаворити, но сепак Интер е тим кој никако не смее да се потцени.
Предлог тип: Т12+&ГГ (2.85) – квота на денот во Sport Life
Наполи – Салцбург (21 ч.)
Италијанскиот тим заврши голема работа со победата на гости кај Салцбург, но тоа нема да биде соодветно искористено ако вечерва Наполи не освои уште три бода против овој ривал. Интересно е што ова ќе биде четврти дуел на овие ривали во 2019 година.
Во март играа во нокаут-фазата од Лигата на Европа, а тогаш Наполи дома славеше со 3:0, а на гости загуби со 3:1. Ако се знае дека и пред две недели имаше дури пет гола (2:3), повеќе од очекувано е тука да има погодоци.
Предлог тип: 1&ГГ (2.80)
Валенсија – Лил (21 ч.)
Домаќините имаат проблеми со повредени играчи, но сепак, ако сакаат да останат во трка за едно од првите две места во групата, вечерва мора да ги освојат трите бода. Лил е речиси отпишан, но сигурно нема предвреме да се предаде. Валенсија досега двапати била домаќин на Лил и Лилјаците во двете средби се радувале.
Предлог тип: 1&0-3 (2.45)