Барселона планира да ја активира ослободителната клаузула на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао на 1 јули. Иако сите детали со самиот играч се веќе усогласени, каталонскиот клуб ќе почека уште неколку дена за трансферот да биде евидентиран во новата финансиска година, која започнува токму на 1 јули.
Очекувањата се Нико Вилијамс да биде достапен за почетокот на претсезонските подготовки на Барселона, кои стартуваат на 13 јули. Сепак, можно е да добие неколку дена дополнителен одмор поради настапите со шпанската репрезентација во Лигата на нацииte, нешто што важи и за останатите репрезентативци под водство на Ханси Флик.
Клаузулата изнесува 58 милиони евра, а Барса се обидува да се договори со Атлетик Билбао исплатата да се изврши на рати.
Сепак, според „Мундо Депортиво“, тоа сценарио е малку веројатно поради затегнатите односи меѓу двата клуба. Поради тоа, Барселона е подготвена да ја исплати целата сума одеднаш.