Барселона ќе го купи новото бразилско „чудо од дете“

Барселона е блиску до потписот со новото бразилско „чудо од дете“, Зе Лукас. Фудбалерот кој има само 17 години и настапува за Спорт Рецифе е пред преселба во Европа откако беше скаутиран од Каталонците. Неговата вредност во моментов е три милиони евра, но раководствата на клубовите се во напредни преговори околу висината на обесштетувањето.

Зе Лукас веќе има осум настапи во сениорска конкуренција, а на тревникот мина 432 минути. Игра како дефанзивец, но веќе добива шанса и како дефанзивен играч за врска, но и како крило.

- Оглас -

Најнови вести