17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Барселона ќе го „преживее“ турскиот пекол

6023 Галатасарај – Барселона (Лига на Европа, 18:45 часот)

Неочекуван резултат ни донесе првата средба на „Камп ноу“, каде што Барса не успеа да постигне гол и во реваншот за на крај и двете екипи да заминат со „нула“.

Атмосферата на стадионот на Галата е добро позната и играчите на Барса се свесни што ги очекува. Иако ќе бидат без Самуел Умтити, Сержи Роберто и Ансу Фати, гостите имаат навистина квалитетни играчи за да го решат победникот.

Очекуваме дека нема да има голем број погодоци на оваа средба, но и дека Барса на крајот ќе биде патникот во четврт-финалето од Лигата на Европа.

Предлог тип: 2&0-3 (2.40)

 

6021 Баер Леверкузен – Аталанта (Лига на Европа, 18:45 часот)

Аталанта има предност по првата средба од 3:2, но ќе повториме уште еднаш, головите во гости не важат, па доколку домаќинот победи со 1:0, тогаш ќе гледаме продолженија.

Ние веруваме дека и на оваа средба и двата тима ќе бидат расположени за голови, како и на првата средба во Бергамо.

Лоша вест за Баер е тоа што најдобриот играч сезонава, Патрик Шик, е под знак прашалник, додека од другата страна неизвсесни за настап се Дуван Запата и Јосип Иличиќ.

Иако се важни играчи за двата тима, нивното отсуство ќе биде соодветно пополнето, па и во Германија ќе гледаме гол-шоу.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.75)

 

6024 Монако – Брага (Лига на Европа, 18:45 часот)

Португалскиот тим има предност од 2:0 по првата средба, па богатиот тим од Кнежевството мора да брка победа од два гола разлика.

Монако има навистина одличен тим и е зачудувачки како последниве сезони, освен во еден наврат, кога ја освоија титулата, не играат на потребното ниво. И покрај тоа што имаат руски сопственик, тимот не е загрозен од некакви санкции, па затоа ќе можат да се фокусираат само на фудбалот.

Монако пред своите навивачи игра стабилно и речиси секогаш дава два погодоци, освен на последниот натпревар, каде што против Ремс загуби со 1:2.

Предлог тип: 1&Т12+ (1.81)

 

6022 Црвена ѕвезда – Глазгов ренџерс (Лига на Европа, 18:45 часот)

Во Белград, шампионот на Србија ќе го пречека шкотскиот великан, којшто има фантастична предност од три гола по првата средба.

Малку е веројатно дека Црвена ѕвезда ќе победи со три гола разлика, но атмосферата што ќе ја направат Делиите секако дека ќе им даде мотив плус на фудбалерите да тргнат по тешката, но не и невозможна мисија.

„Црвено-белите“ освен поразот во Шкотска, каде што имаа навистина голем број шанси, играат одлично, а особено голем мотив им даде победата над големиот ривал Партизан, со што целосно се вратија во борбата за титула.

Прогнозираме „чиста“ победа на Црвена ѕвезда, а квотата за тоа во Sport Life е навистина добра.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

6703 Копенхаген – ПСВ (Конференциска лига на Европа, 18:45 часот)

Ова беше најинтересниот и најефикасен натпревар од сите елиминациски средби во трите европски натпреварувања.

Видовме дури осум погодоци, а победник по првата средба немаше, па затоа ќе се решава сè на легендарниот стадион „Паркен“, кој се очекува да биде во полн капацитет.

Се навестува дека и вечерва ќе гледаме голеада бидејќи Копенхаген пред своите навивачи игра со просек од 3,2 погодоци по меч, додека ПСВ на гости е на бројката од 2,8 гола по меч.

Предлог тип: 3+ (1.61)

- Оглас -

Најнови вести