Барселона ќе го продаде играчот кој некогаш вредеше 80 милиони евра

Самуел Умтити е пред заминување од Барселона. Дефанзивецот кој со француската фудбалска репрезентација го освои Мундијалот во Русија во 2018 година, во изминатиов период повеќе време беше повреден и седеше на трибините, отколку што играше на теренот.

Токму затоа, Барселона реши да го продаде, а најверојатно неговата следна дестинација ќе биде Олимпијакос. Челниците на Олимпијакос ќе пристигнат во Барселона за да разговараат околу трансферот на фудбалерот кој некогаш се проценуваше на 80 милиони евра.

Барселона летово го доведе Жил Кунде кој се очекува дури и да го наследи бројот 23 кој го носеше Умтити.

 

- Оглас -

Најнови вести