Барселона ќе го продаде Кеси: Пристигна официјална понуда од Саудиска Арабија

Екипата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија и официјално достави понуда до Барселона за репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Франк Кеси.

Арапите на “каталонците“ им нудат обесштетување од 20 милиони евра, а на фудбалерот годишна плата од 10 милиони евра. Кеси според Трансфермаркет вреди 25 милиони евра, па останува на раководството на клубот да одлучи дали освие средства се доволни.

Барселона инсистира на продажбата на неколку фудбалери за да обезбеди пари за нови засилувања, но и за да може и официјално да го регистрира Илкај Гундоган кој пристигна од Манчестер Сити.

- Оглас -

Најнови вести