Се чини дека на финансиските проблеми на Барселона како да им нема крај. Раководството на Каталонците сè уште ги нема регистрирано новите засилувања, па можното решение е продажбата на една од најголемите ѕвезди.
Тотенхем има сериозен интерес за Дани Олмо и подготвени се да платат најмалку 60 милиони евра за неговите услуги, па тоа би го ставило раководството на Барселона на слатки маки.
Каталонците минатото лето, но и зима, водеа вистинска војна со Ла Лига за регистрацијата на Дани Олмо, која на крајот имаше судска разрешница, па тешко е за очекување дека ќе падне одлука за негова продажба.
Сепак, Олмо не беше константен, често беше надвор од терените поради повреда, па можеби тоа ќе биде и клучното во носењето на одлуката дали тој ќе биде продаден или ќе остане на „Камп ноу“.